Connect with us

Тајмаут

Лудило поради дресот на Нигерија: Секој сака да се почести со уникатниот дрес

Дресот на репрезентативниот тим на Нигерија, кој ќе го носат на Светското првенство во Русија, привлече огромен интерес.

Веднаш по неговото појавување, фановите на фудбалот сакаа да го имаат овој уникатен дрес, па беа порачани преку три милиони дресови од компанијата “Најк”.

Денес, дресот на Нигерија е официјално пуштен во продажба. Стотици обожаватели на улиците низ Лондон стоеја во ред за да купат барем еден примерок.

Одамна еден дрес не привлече толку внимание и вистинско лудило владее низ улиците на многу градови, а сигурно Нигеријците ќе привлечат многу внимание на теренот.

Засега се шампиони, барем по дресот.