Фудбал
Луис Алберто итно опериран
Италијанските медиуми објавија дека играчот од средниот ред на римски Лацио бил итно пренесен во болница.
Алберт имал воспаление на слепото црево и бил итно опериран. Операцијата беше извршена без компликации во една клиника во Рим, а играчот од средниот ред веќе е пуштен на домашно лекување.
Лацио се очекува да биде без Алберт во следните седум до 10 дена, што значи дека ќе ги пропушти дуелите со Парма и Сасуоло.
Во списокот на лацио би требало да биде за натпреварот со Аталанта, кој ќе се игра на 31 јануари.