Фудбал
Луис Енрике: Не би му ја доделил наградата најдобар на Лука Модриќ
Шпанија утре ја пречекува Хрватска во рамки на Лигата на нации, а селекторот има интересен избор за наградата најдобар светски фудбалер на ФИФА.
На прес-конференцијата пред натпреварот, шпанскиот селектор беше запрашан кој фудбалер ја заслужува наградата „Најдобриот“ за 2018 година.
„Наградата на ФИФА за најдобар фудбалер? Ако се прашувам јас, наградата за најдобар би му ја доделил на Лионел Меси, а не на Салах, Роналдо или Модриќ. За мене Лео без конкуренција е најдобриот на светот. Но, тоа е моето мислење, со тоа не треба сите да се согласат“, вели Луис Енрике.
Извор: Sport1.mk