Connect with us

Фудбал

Луис Енрике загрижен пред мечот со Косово

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике вели дека е загрижен пред квалификацискиот натпревар за СП против Косово.

Иако Шпанија е голем фаворит, Енрике истакнува дека е загрижен пред натпреварот.

„Јас сум загрижен за играта против Косово, многу сум загрижен. Ако не ја одиграме најдобрата игра, имаме прецизност и свежина, ќе мора да победиме со срце или со глава. Шпанија мора да биде на следното Светско првенство, не размислуваме за неуспех“, рече Енрике.

Шпанија ќе биде домаќин на Косово во среда во 20:45 часот во Севилја.

Шпанците првично ремизираа на домашен терен против Грција, а после тоа едвај стигнаа до победа над Грузија, по погодокот на Дани Олмо во продолжението.

„Знаеме дека нашите противници не ни ја олеснуваат работата и дека секој има квалитет, дури и репрезентациите кои не се меѓу најдобрите. Ние повеќе се бориме против ваквите репрезентации отколку кога играме против Швајцарија, Германија или Украина”.

Ова е втор пат косовскиот тим да учествува во квалификациите за СП, а досега има освоено само еден бод.