Connect with us

Фудбал

Луис по секоја цена сака во Париз

Левото крило на Атлетико Мадртид, Филип Луис , според шпанскиот “АС”, на сите можни начини се обидува да се пресели во Париз Сен Жермен.

Искусниот Бразилец (33) има договор до следното лето, но тој веќе сака да се пресели во Франција.

Клаузулата за откуп за него изнесува 30 милиони евра, но Парижаните не се подготвени да платат толку за играчот кој во последната година од договорот. Поради ова, Луис инсистира на тоа Атлетико да ја прифати пониската понуда и да го остави во ПСЖ, останува да се види дека ќе заврши до крајот на овој трансфер период.

Парижаните, наводно, му нудат двогодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Луис ја започна својата кариера во Фигуренсе, а за време на неговата кариера играше за Реал Мадрид Б, Депортиво и Челзи.