Connect with us

Фудбал

Луис Суарез покажа каков џентлмен е непосредно пред почетокот на натпреварот против Барселона

Луис Суарез ја напушти Барселона пред една година на изненадување на сите, откако Роналд Куман му рече да не смета на него.

На никој не му беше јасно зошто холандскиот стручњак лесно се откажа од таков напаѓач, и дали Суарез направи грешка најдобро покажа првата сезона во Атлетико Мадрид каде играше фантастично.

Суарез ја освои титулата во Шпанија со нов клуб, и му даде нов шамар на Куман за викендот кога постигна гол во победата од 2:0 против Барселона.

Потоа го испровоцира Холанѓанецот со гестикулација на телефонска слушалка, алудирајќи на фактот дека Куман му рекол по телефон да не смета на него.

Сепак, непосредно пред почетокот на натпреварот, Суарез направи нешто што ги воодушеви навивачите на Барселона, што многумина не го забележаа веднаш.

Имено, тој му пријде на младиот Гави и му честиташе на поканата во шпанската репрезентација и му посака среќа.

Уште по натпреварот Суарез изјави дека не го прославил голот бидејќи засекогаш ќе биде навивач на Барселона и дека му е многу жал што поединци го избркаа од тој клуб на таков начин.