Тајмаут
Лука е среќен човек: Со две прекрасни дами пристигна на добротворната акција
Далас по две последователни победи доби малку слободно време, а Лука Дончиќ и соиграчите ја искористија можноста да одговорат на добротворната манифестација.
Преку аукција на која се продаваа разни предмети, Далас собра дури 1,1 милиони долари за да им помогнат на најранливите во Соединетите држави.
Дончиќ исто така беше во центарот на вниманието, но овој пат не заради неговата лична популарност и елегантниот изглед, туку затоа што беше придружуван од две дами.
Од една страна беше неговата девојка Анамарија, а од друга мајка му, Миријам, која се грижи за кариерата на словенечката кошаркарска sвезда.
