Фудбал
Лука Јовиќ преде Меси, Роналдо, Агуеро, Фалкао, Левандовски
Лука Јовиќ, младиот српски напаѓач, со неверојатната партија против Фортуна, стана тема на денот во фудбалска Европа. Јовиќ во победата на Ајнтрахт 7:1, пет пати ја тресеше мрежата на противникот.
Јовиќ со ова свое остварување се запиша во историјата на светскиот фудбал и влезе во елитното друштво во кое се Лео Меси, Кристијано Роналдо, Серхио Агуеро, Роберт Левандовски и Радамел Фалкао.
Меѓутоа поранешниот напаѓач на Црвена ѕвезда и Бенфика во еден параметар е пред сите овие ѕвезди. Тој е најмладиот играч што успеал да постигне пет гола на натпревар. Јовиќ на 20-годишна возраст постигна пет гола на еден натпревар.
За илустрација Меси имал 24 години кога постигнал пет гола против Баер Леверкузен, Радамел Фалкако за Атлетико постигнал пет гола против Ла Коруња на 26-годишна возраст, Агуеро и Левандовски по 27 кога ги торпедирале Њукасл, односно Волфсбург, додека еден од најдобрите во историјата на фудбалот Кристијано Роналдо имал 30 години кога испорачал пет гола во мрежата на Гранада.