Фудбал
Лука Модриќ стана рекордер
Фудбалерот за врска Лука Модриќ од вечерва е рекордер на Хрватска. Имено, тој во второто коло од квалификациите за пласман на СП настапи за неговата репрезентација на мечот со Кипар, на кој славеа со 1:0, со што стигна до бројката од 135 одиграни мечеви за Хрватска. Со тоа го помина Дарио Срна, кој имаше 134.
Модриќ за Хрватска дебитираше во март 2006-та година. Со неговата селекција играше на три Светски првенства и исто толку Европски првенства. Ова лето ќе настапи по четврти пат со Хрватска на ЕП.