Кошарка
Лукајиќ бара агресивна одбрана против Мега Бемакс
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе и гостуваат на Мега Бемакс во Сремска Митровица, во последниот меч од 18. коло од АБА-лигата.
Поразот во првиот дел од сезоната на домашен терен воедно ќе биде мотив плус за избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ да пробаат да триумфираат во Сремска Митровица.
– Играме против силен тим, кој е многу поквалитетен од тоа што покажува пласманот на табелата. И понатаму имаме проблеми со повредени кошаркари, нешто на што веќе навикнавме. За нас најважно е да одиграме според зацртаните принципи и да покажеме дека влегуваме во ритамот кој го посакуваме. Агресивноста во одбраната ќе ни биде неопходна, особено поради начинот на кој игра Мега Бемакс. На нас е да дадеме сѐ од себе и ќе пробаме да покажеме квалитет со кој ќе може да му парираме на одличниот домаќин, вели Лукајиќ во изјавата за клупскиот сајт на МЗТ.
Сино-белите и во овој дуел ќе настапат без повредените Дарко Соколов и Марко Симоновски.