Connect with us

Кошарка

Лукајиќ: Мора да покажеме желба за надигрување против Партизан

Утре во Белград, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Партизан, екипа која што исто така е во лоша резултатска серија, а во текот на неделета го смени и тренерот Мирослав Николиќ со Ненад Чанак.

Жељко Лукајиќ, тренерот на МЗТ, кој досега тимот го водеше на два натпревара смета дека против Партизан треба да се покаже желба за надигрување.

Факт е дека не може да му се заканувате на Партизан во Белград, особено во една ваква ситуација кога и кај нив доаѓа до шок терапија со промена на тренерот. Веднаш се гледа поинаква филозофија во нивната игра, пред сѐ во пристапот. Но, ова е дуел во кој сѐ е отворено. Ќе мора да одиграме цврста одбрана и да го спречиме противникот да не постигнува лесни поени во транзиција и во секундарни напади. Ако ни се укаже шанса сигурно ќе пробаме да изненадиме, за клупскиот сајт изјави тренерот Лукајиќ.

МЗТ има две победи во АБА Лигата, додека Партизан има пет.