Connect with us

Фудбал

Лукаку и Де Брујн зачудени: Тиери Анри на тренингот покажа каков мајстор е тој (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Белгија денес направи нов тренинг пред натпреварот од третото коло во групната фаза на Европското првенство против Финска.

Белгијците имаат шест бода и веќе се со едната нога во осминафиналето од ова натпреварување, а во последното коло ќе имаат нешто полесна работа бидејќи ќе се соочат со Финска.

Денеска „црвените ѓаволи“ одработија нов тренинг пред мечот со Финска, а легендарниот Тиери Анри беше во центарот на вниманието.

Анри е во таборот на Роберт Мартинез веќе неколку години каде има улога на свој асистент во репрезентацијата на Белгија.

Сепак, иако ја заврши својата кариера одамна, Анри уште еднаш покажа каков мајстор е тој.

Имено, тој постигна одличен погодок на тренингот на Белгија со левата нога бидејќи се знае дека тој инаку е деснак. Сето ова го следеа и други белгиски играчи кои не можеа да поверуваат што стори Анри.

Ромелу Лукаку и Кевин де Брујн, кои му честитаа на легендарниот напаѓач на мајсторијата, се чини дека беа најзачудени.

Анри имаше навистина брилијантна играчка кариера во која освои скоро се што можеше. Најдобрите денови ги помина во Арсенал и Барселона, а со репрезентацијата на Франција успеа да ги освои Светските и Европските шампионати.