Фудбал
Лукаку подготвен за игра во октомври
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, ќе се врати во игра дури по паузата за репрезентациите или поинаку кажано на почетокот на месец октомври.
Според Sky Sports Italia, фудбалерот се опоравува според планираното, но невозможно е да се игра порано дури и на контролните натпревари.
Лукаку досега поради повреда пропушти 6 натпревари и нема да настапи на следниот натпревар против Удинезе.
Сезонава Белгиецот одигра 3 натпревари во Серија А на кои постигна гол и даде една асистенција.