Фудбал
Мачин нов тренер на Севиља
Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи Пабло Мачин за нов шеф на стручниот штаб. Двете страни потпишаа договор со важност до 2020 година.
Мачин во Севиља доаѓа од Жирона со која дебитантската сезона во Ла Лига ја заврши на 10. место.
Тој на клупата на андалузискиот тим ќе го наследи Хоакин Капароса кој беше трет тренер по Едуардо Берисо и Винченцо Монтела во сезоната што измина.
Пред Жирона, Машин работеше во Нумансија.