Connect with us

Фудбал

Мадридските медиуми објавија загрижувачки информации за Миралем Пјаниќ

Миралем Пјаниќ пристигна во Барселона со големи очекувања, но тоа сепак не успева да го покаже на теренот.

Денес мадридскиот весник „АС“ објави загрижувачка информација за Пјаниќ, кој одигра само 19,5% од максималната можна минутажа во шпанскиот шампионат.

„Ла Лига не е за Пјаниќ, барем така гледа на тоа Роналд Куман“, пишува „АС“, кој понатаму изјавува дека по една четвртина од шампионатот во Пјаниќ одигра само 158 минути на теренот во првенствените натпревари.

„АС“ е изненаден што Куман се реши да го стави Педри во средниот ред на мечот против Осасуна, а потоа го стави и Серхио Бускест, а Пјаниќ седеше на клупата цел натпревар.

Сепак, постои друга приказна во Лигата на шампионите каде Пјаниќ игра редовно и досега има собрано 291 минута од можните 360 во елитното натпреварување.

„АС“ заклучува дека Куман сè уште нема целосна доверба во искусниот играч за врска откако го остави на клупата против Осасуна, но под услов да не станува збор за повреда.

„Тоа би било лоша вест за играч со карактер кој сака да се чувствува важен. Куман сака поголема посветеност од него, подобри настапи, но пред се поголема концентрација“, пишува мадридскиот весник.