Други спортови
Мајката на Ѓоковиќ: Многу е страшно тоа што го пишуваат
По веста дека на турнејата Адрија се појави ширење на Ковид-19, целиот свет се сврте против Новак Ѓоковиќ, бидејки тој беше организаторот.
Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ е на удар на јавноста.
Првиот кој бил заразен на турнејата е Димитров.
Мајката на Ѓоковиќ, Драгана даде изјави и рече дека Нокав и неговата сопруга кои се позитивни на корона се чуствуваат добро.
„Сите сме добри. Тоа што е позитивен Новак, не значи дека е болен. Тој е млад и здрав човек. Притоа, мислам дека овој вирус е при крај, затоа се чувствуваат сите добро. Ние се тестиравме и не бевме позитивни“, рече мајката на Ѓоковиќ.
„Многу е страшно тоа што го пишуваат, но на тоа навикнавме. Како одвај да го дочекаат тоа. Нив очигледно Новак им пречи“, заврши Драгана.