Тајмаут
Мајката на Игуаин е многу болна
Мајката на Гонзало Игуаин е многу болна
Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин и играчот од средниот ред Родриго Бентанкур, вчера го напуштија Торино и заминаа за Аргентина, кои беа критикувани бидејќи целиот состав на Јуве е во карантин.
Сега Си-Ен-Ен Радио Аргентина известува дека мајката на Игуаин е многу болна и затоа играчот патувал дома.
Игуаин не покажа никакви симптоми на КОВИД-19, а тестот беше негативен.
Сè уште не е познато дали мајката на играчот страда од оваа болест, но таа веќе имала и други здравствени проблеми.
Италија е земја која е најпогодена од КОВИД-19 и веќе ја надмина Кина со бројот на починати.
Во последните 24 часа, во Италија починале 627 лица, а вкупниот број на починати е 4.032.