Connect with us

Фудбал

Мајсторија на Влаховиќ, два прекрасни голови, Јувентус го разби Лацио (ВИДЕО)

Јувентус го совлада Лацио со 3:1 во воведното дерби во четвртото коло во Серија А. Велиме воведното, бидејќи од 18 часот се игра големото дерби Дела Мадонина, помеѓу Интер и Милан.

Јувентус доминираше на дуелот со Лацио, два гола прекрасни постигна Влаховиќ, кој стигна до четири погодоци во четири кола. Стрелец за Јуве беше и Киеза, додека за Лацио голот го постигна Луис Алберто.