Фудбал
Македонија без напредок на последното ФИФА рангирање за 2018
Македонската фудбалска репрезентација веќе четири месеци по ред е без поместување на ФИФА ранг листата. Нашите најдобри фудбалери на последното рангирање за 2018-та година остануваат на 68-та позиција со 1.343 поени.
Изминатава година, Македонија ја почна на 76-тото место, одигра вкупно осум натпревари, оствари пет победи и еден пораз во Лигата на нации, а ремизираше на две пријателски средби.
Од нашите противници во евро-квалификациите, Полска е најдобро рангирана на 20-тото место, пред Австрија на 22-то. Потоа, следува Словенија на 62-та позиција, Израел на 90-тата, а единствно зад нас е селекцијата на Летонија, како најслаборангирана на 132-то место. Ништо подобар не е ниту противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нации, селекцијата на Косово на 131-то место.
Нема промени ниту меѓу десетте најдобри на ФИФА листата. Белгија е на врвот, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Во ТОП 10 се уште и Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.