Connect with us

Ракомет

Македонија доби уште еден интернационалец, голманот на Металург се пресели во Унгарија

Даниел Ѓорѓески, досегашен голман на РК Металург, кариерата ја продолжува во унгарски Будакалас. Тој потпиша едногодишен договор и за првпат во својата кариера ќе брани надвор од државава. Сезонава тој имаше неколку одлични настапи на голот на металурзите во Европската лигата и на два пати негови интервенции беа во ТОП 5 во изборот на ЕХФ.

Во својата кариера тој настапуваше за Куманово, Работнички, Вардар јуниор и Вардар, Пелистер и од 2019 година е во Металург.