Connect with us

Ракомет

Македонија домаќин на квалификацискиот турнир за СП

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Македонија ќе биде организатор на женскиот ракометен квалификациски турнир за настап на Мундијалот во 2021 година, откако претходно Грција се откажа од тоа право.

Нашата репрезентација ќе биде домаќин и на селекцииите на Литванија и Исланд во ноември. Двете најдобри селекции ќе обезбедат настап во бараж-мечевите на настап на Светското првенство.

„Жолто-црвените“ првиот натпревар ќе го играат против Исланд, а потоа во следните два дена и со Литванија и Грција. Бараж-двомечите ќе се играат во април следната година.

Светското првенство на програма е од 1 до 19 декември 2021 година во Шпанија.