Connect with us

Ракомет

Македонија и одржа ракометна лекција на Србија

Македонската ракометна репрезентација со одлична игра стигна до убедлива победа над Србија (37:31) во единствениот официјален контролен натпревар пред стартот на СП 2019 во Данска и во Германија.

„Црвено-жолтите“ одиграа одличен меч и заслужено триумфираа против ривалот кој немаше противигра за расположениот напад на македонскиот состав. Наспроти претходните најави, Раул Гонзалез не им даде преголема шанса на помладите ракометари, експериментирајќи со тактиката „седум на шест“ што даде успех и ја донесе оваа убедлива победа.

Дејан Манасков беше најдобар стрелец со девет погодоци, Филип Кузмановски даде шест гола, по пет пати прецизни беа Кире Лазаров и Пешевски, а Георгиевски за едно полувреме четири пати се запиша меѓу стрелците.

Македонија и Србија утре ќе одиграат уште еден натпревар, кој ќе биде од затворен карактер.