Connect with us

Кошарка

Македонија ја совлада Белгија на ЕП за кошаркари до 16 години

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години убедливо ја совлада Белгија со 68:80 на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Сараево.

Избраниците на Александар Јованчев го диктираа темпото на игра во речиси целиот натпревар.

Единствено мал пад во контролата на играта имаа по паузата, но во финишот на натпреварот македонските кошаркари се фокусираа и остварија убедлива победа од 68:80.

Македонија вчера претрпе пораз од Русија, а утре ќе се соочи со репрезентацијата на Словачка.