Фудбал
Македонија на ЕП има играч во ТОП 100, погодете кој е тој?!
Угледниот фудбалски магазин goal.com направи листа на ТОП 100 фудбалери кои ќе бидат дел од ЕП кое започнува во петок на 11-ти јуни. Македонија има еден фудбалер на оваа листа, а тоа е секако живата македонска фудбалска легенда Горан Пандев. Како што вели порталот македонскиот фудбалер со 38-години е еден од најстарите кои ќе настапат на ова ЕП. Професионалното деби во фудбалот го имал во 2000-та година, а како што забележува порталот, тоа било пред да се родат голем број на сегашни фудбалери кои ќе играат на ова ЕП.
За Пандев се вели дека се уште игра на високо ниво за Џенова и дека е стрелен на голот против Грузија со кој Македонија обезбеди пласман на ЕП.