Connect with us

Фудбал

Македонија на маки пред Косово – се повреди Стефан Ристовски

Македонија на маки пред дуелот со Косово закажан за месец март. Се повреди македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, па тоа очигледно ќе претставува и проблем за нашата екипа.

Се работи за повреда на мускулот, која ја доби на денешниот натпревар Спортинг Лисабон и Авеш од португалското првенство по само 24 минути игра.

Натпреварот Македонија-Косово е закажан за 26. март во Скопје на арената „Тодор Проески“, засега е се уште не извесно дали ќе биде дозволено да присуствува публика на натпреварот поради владеењето на коронавирусот кој во светот одзеде повеќе од илјада животи, а во македонија се потврдени три случаи, од кои еден е излекуван.