Македонија одигра нерешено 1:1 на гости против Израел

Македонската репрезентација дојде до 5-тиот бод во квалификациите за пласман на Европско првенство. После поразите од Австрија и од Полска на домашен терен, вечерва македонските репрезентативци одиграа нерешено 1:1 против Израел на гостувањето во Бер Шеева.

-текстот продолжува по рекламата-

По првиот дел македонската селекција испушти неколку добри шанси за водство. Пред се ударот од далеку на Барди, а потоа шанси имаа и Алиоски, Несторовски и Елмас, меѓутоа реализација немаше.

На почетокот на вториот дел, поточно во 55. минута после една нафрлена топка од десната страна, Захави е на вистинското место и погоди за водство на Израел. Меѓутоа Македонија се врати во 64. минута. Алиоски од прекин од левата страна нафрли кон Адеми кој со глава од 6-7 метри успеа да погоди во мрежата на Израелците.

На крајот нашата репрезентација испушти и три бода откако Елмас се најде во одлична прилика во 92. минута кога наместо да шутира, само се обиде да асистира и шансата пропадна.