Фудбал
Македонија одолеа на силните напади на Германија, без голови на полувреме
Македонската репрезентација во моментов го игра натпреварот во рамките на квалификациите за Светското првенство во Катар. Резултатот на полувреме е 0:0.
Германија очекувано започна силно, доминираше на теренот во првото полувреме, изврши притисок, но сепак одбраната на Македонија беше на висина на задачата.
Имаше но неколку убави шанси на двете страни. Германците уште на самиот почетопк имаа шанса да дојдат во водство, но сепак резултатот остана 0:0.
Во 25. минута Раум изведе слободен удар за Германија, но топката се одби од живиот зид и дојде до Гнабри кој се обиде од далечина, но не успеа да го совлада Димитриевски.
Во 26.минута се отвори одлична контра за нашата репрезентација, Елиф Елмас се обиде да заврши, но тоа беше чесен плен за Ноер.
Во 31. минута од натпреварот, Вернер се обиде од работ на шеснаесетникот, но сепак Димитриевски беше на вистинското место.
Само една минута потоа, Еламс исто така шутираше од работ на шеснаесетникот, но беше блокиран од одбраната на Германија.
Нашата репрезентација до крајот на првото полувреме создаде уште неколку контри, но без завршница.
Во втората минута од судиското надополнување Тимо Вернер имаше одлична шанса да донесе водство на Германија, но сепак резултатот остана 0:0.
Останува да го проследиме второто полувреме и да видиме каков ќе биде крајот на оваа средба.