Connect with us

Ракомет

Македонија остана без клучен ракометар за престојниот Мундијал

Ракометна репрезентација на Македонија ќе биде без услугите на неуморниот борец, Филип Миркуловски на Мундијалот во Германија и Данска кој ќе се одржи во јануари 2019 година.

Шпекулациите дали Миркуловски ќе се најде во составот на селекторот Гонзалез за Мундијалот долго време провејуваа во јавноста, по што стигна информација од ракометарот дека поради хроничните повреди не е во можност да го даде својот придонес во репрезентацијата.

  • Многу ми е жал. Но, тоа е тоа. Влечам многу повреди и не сум подготвен да одиграм на ниво на кое што треба да сум и на кое што сите очекуваат да сум. Им посакувам на момците многу среќа и пласман во Олимписки квалификации“ изјави кратко Филип Миркуловски за „г-спорт.мк“.

Македонија на Мундијалот е во групата Б со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.