Ракомет
Македонија поразена во Грција
Нашите најдобри ракометари разочараа во квалификацискиот дуел со Грција одигран попладнево во Кожани и загубија со 28-26 во слаба игра што сигурно ги загрижува бројните фанови на македонскиот ракомет.
Иако отпатувавме како големи фаворити сепак игравме под сите очекувања. Едноставно Македонија беше далеку под препознатливото ниво и не успеа да се одлепи резултатски.
На крајот од првиот дел водевме со гол разлика а во вториот во неколку наврати водевме со два погодоци но не и да го зголемиме водството.
Избраниците на Раул Гонзалез по водството 22-20 едноставно застанаа и дозволија Грците со серија од 3 гола да дојдат до водство кое умешно го одржуваа до крајот на средбата по бројните промашувања на нашите ракометари и одличните одбрани на грчкиот голман Цилимпарис Грција дојде до победа од 28-26 што е еден од најтешките порази за нашата ракометна репрезентација.
Лазаров со 7 и Талески беа најефикасни во нашиот тим додека одличен на голот беше Митрески со 12 одбрани. Следниот натпревар го играме на Исланд кој има две победи против Грција и Турција.
ЗОРАН НИКОЛОВСКИ