Фудбал
Македонија се врати од негатива и го направи натпреварот во Букурешт неизвесен (ФОТО+ВИДЕО)
Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра натпреварот против Австрија на Европското првенство. Првото полувреме заврши со резултат од 1:1.
Натпреварот започна мирно, и двете репрезентации создадоа одлични напади, но сепак не беа опасни и не резултираа со гол.
Во 18. минута од натпреварот Лајнер го отвори резултатот и му донесе водство од 1:0 на својата репрезентација. Австријците ја искористија првата шанса која ја создадоа за водство.
Во 22. минута од натпреварот Саша Калајџиќ имаше одлична шанса да зголеми на 2:0, неговиот удар беше лесен плен за Димитриевски.
Изедначувањето за нашата репрезентација додје во 28. минута од натпреварот, а голот го постига, кој ако не Горан Пандев. Ќе остане запишано во историјата дека првиот гол за Македонија на Европските првенства го постигна нашиот најдобар играч Гранде Пандев.
Во 37. минута Стефан Ристовски упати удар од далечина, но топката заврши над голот.
Тоа беа моментите кои го одбележаа првото полувреме, а нам ни преостанува да го проследиме второт полувреме и да навиваме за Македонија.