Фудбал
Македонија со убедлива победа на Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација издвојува убедлива победа од 0:5 на гостувањето кај Ерменија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022.
Избраниците на Благоја Милевски покажаја одлична игра и во првиот дел од натпреварот два пати ја затресија мрежата на Ерменија, за на крајот да издвојуваат победа од 0:5.
Првата шанса на натпреварот ја имаше домаќинот. Барсегјан во 18. минута направи одличен продор во шеснаесетникот, го проигра Бријаско кој беше непрецизен во обидот со глава и резултатот остана 0:0.
Во 22. минута од натпреварот Ашиков направи одличен продор низ шеснаесетникот на Ерменија, го проигра Трајковски кој лесно ја затресе мрежата на Ерменија и донесе водство на Македонија од 0:1.
Ерменија во 32. минута имаше одлична шанса за изедначување, Барсегјан се обиде да шутира од далечина, по лошата реакција на Муслиу, но сепак резултатот остана непроменет.
Во 37. минута од натпреварот Барди зголемува на 0:2. Со одличен удар од далечина Енис го матираше Јурченко и му донесе водство на Македонија од 0:2.
Во 41. минута од натпреварот, повторно Трајковски имаше одлична шанса да зголеми на 0:3, но неговиот удар го одбрани противничкиот голман.
Во вториот дел главно се играше претпазливо, со намалено темпо и се чекаше грешка на противникот.
Во 65. минута од натпреварот Хамбарцулиан го фаулираше Барди во шеснаесетникот, а судијата без двоумење покажа на белата точка. Одговорноста за пеналот ја презеде Барди и во 66. минута зголеми на 0:3 за Македонија.
Во 72. минута од натпреварот Мхтаријан ја затресе мрежата на Македонија, но помошникот судија сигнализираше офсајд и резултатот остана 0:3.
Во 79. минута од натпреваот Милан Ристовски беше прецизен за 0:4. Овој погодок е втор репрезентативен гол за Милан Ристовски.
Во 90. минута од натпреварот повторно пенал за Македонија. Одговорноста повторно ја превзеде Барди и ги постави конечните 0:5 на натпреварот.
Македонија сега има 15 бодови и е втора на таблеата зад Германија, а Романија има 13 бодови но и натпревар помалку.
Ромнија вечерва во 20:45 го игра натпреварот против Исланд на домашен терен.