Connect with us

Фудбал

Македонија У19 во првиот „шешир“ за елитните квалификации за Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години е рангирана во првиот „шешир“ за елитните квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Финска од 16 до 29. јули следната година.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ се наоѓаат во првиот „шешир“ заедно со селекциите на: Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и Данска.

Во вториот „шешир“ се наоѓаат: Англија, Италија, Украина, Австрија, Франција, Република Ирска и Холандија.

Третиот „шешир“ го сочинуваат: Словачка, Норвешка, Шведска, Грција, Белгија, Унгарија и Турција, додека во четвртиот „шешир“ се: Србија, Косово, Полска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Летонија и Шкотска.

Македонија во првата фаза од квалификациите постигна три победи против Белгија и Швајцарија со 2:1 и против Лихтенштајн со 6:0.

Оваа генерација играчи на Македонија предводена од Елиф Елмас, Јани Атанасов и Дарко Чурлинов ривалите од групата ќе ги дознаат на 6. декември за кога во Нион е закажано извлекувањето, а потоа една од селекциите ќе биде домаќин на турнирот. Елитните квалификации треба да се завршат до 20. мај. Само победниците на седумте групи ќе играат на Европското првенство.