Connect with us

Други спортови

Македонија во група со европскиот првак

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците на првиот настап на Европското првенство.

Нашиот национален тим ќе игра во Групата Ц во која покрај еден од домаќините на турнирот Словенија се најде и европскиот првак Русија, потоа Финска, Турција и Белорусија. Можеби од вториот и од третиот „шешир“ ги избегнавме поопасните опции, но затоа од најслабиот го добивме најнезгодниот противник – Белорусија.

Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември оваа година. За прв пат во историјата ќе се игра со 24 тимови, бидејќи минатите години настапуваа само 16 репрезентации.

ГРУПА А
Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија

ГРУПА Б
Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија.

ГРУПА Ц
Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија

ГРУПА Д
Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора