Македонија во Израел го игра петтиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот во Бер Шева во Израел, го игра петтиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2020 година кое ќе се игра во повеќе земји во Европа.

-текстот продолжува по рекламата-

Селекторот Игор Ангеловски вчера беше лут на домаќинот што селекцијата мора да биде сместена во Ашдод, кој е на 80 километри од Бер Шева каде ќе се игра мечот. Исто така соопшти дека голем проблем може да биде повреда на Пандев.

„Им благодарам на домаќините за „прошетката“ низ нивната земја, но ќе им вратиме. Сигурно дека сакаме да ги освоиме трите бода, со целосен респект кон противникот. Ме загружува повредата на Горан Пандев кој е крајно неизвесен“, изјави вчера на прес-конференцијата селекторот Ангеловски.

Во досегашните четири натпревари, Македонија има скор од една победа со Летонија, едно „реми“ со Словенија, и два порази од Австрија и од Полска.

Во понеделник Македонија ќе гостува на Летонија.