Connect with us

Фудбал

Македоннија нема да може да смета на Новевски, младиот талент ја избра Србија

Во иднина, Македонија нема да може да смета на Влада Новевски, талентиран играч на Војводина.

Денес, младиот фудбалер се реши да игра за репрезентацијата на Србија затоа што верува дека има подобри услови за развој во споредба со неговите претходни настапи во дресот на Македонија.

Овој крилен напаѓач играше за младинските репрезентации на Македонија, а по Дејан Кулушевски, играч на Јувентус, тој е уште еден талент кој побегна во друга земја. Претходно Кулушевски ја избра Шведска.

„Откако разговарав со директорот Никола Лазетиќ, дефинитивно решив заедно со моите родители да играме за Србија по четири години играње за сите категории на Македонија. И ќе ми биде чест да играм во дресот на Србија. Јас едноставно проценив дека ќе имам подобри услови за развој во Србија, а довербата што ја најдов во Фудбалскиот сојуз на Србија ми гарантира добра работа и се надевам на целосна афирмација“, рече младиот фудбалер.