Connect with us

Ракомет

Македонска ракометарка која игра во Романија позитивна на коронавирус

Елена Лавриниќ, македонска ракометарка, која во изминатиот период настапува во Романија, е позитивна на коронавирус, објавија дел од тамошните медиуми. Лавриниќ ова лето од Рапид Букурешт се пресели во Глорија Бузау, а на почетокот на тренинг кампот биле тестирани сите членови, таа добила позитивни резултати.

Таа е на домашно лекување, во изолација ќе биде и нејзината цимерка, како и уште двајца членови на тимот кои имале контакт со неа.