Connect with us

Ракомет

Македонска репрезентативка во идеалниот тим од квалификациите за ЕП

Македонската ракометна репрезентативка Андреа Седлоска се најде во идеалниот тим во изборот на ЕХФ за првите две кола од квалификациите за Европското првенство 2024.

Левиот бек на „црвено-жолтите“ во неделата постигна осум гола во победата над Литванија на гостински терен без ниту едно промашување, а во првото коло беше реализатор на седум гола во победата над Азербејџан.

Покрај Седлоска во тимот на Европската ракометна федерација се најдоа уште и: Ана Кристенсен (Данска) голманка, Клое Валентини (Франција) левото крило, Кристина Ласло (Романија) средниот бек, Теа Стурлудотир (Исланд) десниот бек,  Алисија Тублон (Франција) десното крило и Вилде Ингштад (Норвешка) пивот