Фудбал
Македонската репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија
Скопје, 31 август 2020 (МИА) – Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија од Лигата на Нациите.
Натпреварот против Ерменија е на 5-ти септември во Скопје, додека против Грузија е три дена подоцна во Тбилиси.
Сите репрезентативци беа тестирани на коронавирусот на барање на селекторот Игор Ангеловски, а откако резултатите потврдија дека нема позитивни на Ковид-19, попладнево на „Градски“ беше одржан и првиот тренинг пред мечот со Ерменија.
Ангеловски со тоа ќе може да смета на сите повикани за пресметката во сабота во Скопје.
Фото: ФФМ