Connect with us

Фудбал

Македонската репрезентација со предност од 0:2 заминува на пауза

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра натпреварот од 9. коло во рамките на валификациите за Светското првенство 2022. против репрезентацијата на Ерменија во Ереван.

Избраниците на Благоја Милевски покажаја одлична игра во првиот дел.

Првата шанса на натпреварот ја имаше домаќинот. Барсегјан во 18. минута направи одличен продор во шеснаесетникот, го проигра Бријаско кој беше непрецизен во обидот со глава и резултатот остана 0:0.

Во 22. минута од натпреварот Ашиков направи одличен продор низ шеснаесетникот на Ерменија, го проигра Трајковски кој лесно ја затресе мрежата на Ерменија и донесе водство на Македонија од 0:1.

Ерменија во 32. минута имаше одлична шанса за изедначување, Барсегјан се обиде да шутира од далечина, по лошата реакција на Муслиу, но сепак резултатот остана непроменет.

Во 37. минута од натпреварот Барди зголемува на 0:2. Со одличен удар од далечина Енис го матираше Јурченко и му донесе водство на Македонија од 0:2.

Во 41. минута од натпреварот, повторно Трајковски имаше одлична шанса да зголеми на 0:3, но неговиот удар го одбрани противничкиот голман.

Останува да го проследиме второто полувреме.