Connect with us

Кошарка

Македонски кошаркарски талент ќе биде дел од НБА кампот во 2025-та

Македонскиот јуниорски кошаркарски репрезентативец, Никола Јаничиќ ќе биде дел од НБА камп за 2025 година.

Јаничиќ, доби покана за учество во деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“ (Basketball without borders – BWB). Престижниот камп е организиран од НБА и ФИБА во рамки на програма за глобален развој со акцент на подобрување на кошаркарските вештини на младите таленти на возраст до 18 години и промоција на: лидерство, образование, спортски дух и здрав живот, како и пријателство и почит.

Предвидено е кампот да се одржи во периодоот 14 до 16 февруари 2025 година, во Сан Франциско, Калифорнија (САД).

На десет годишна возраст Никола Јаничиќ ја започна својата кошаркарска кариера во клубот Водно Санс од Скопје. Седум години подоцна го предводеше националниот тим до 18 години до златниот медал, на Европското првенство (дивизија Б) кое летото што измина се одигра во Скопје. Тој беше прогласен и за најкорисен играч на првенството (MVP).

Во 2023 година, Јанчиќ беше прогласен за најдобар млад играч од страна на КФСМ.