Фудбал
Македонски репрезентативец го напушти Хајдук и потпиша за најстариот тим од Полска (ФОТО)
Јани Атанасов, довчерашен фудбалер на Хајдук од Сплит и македонски репрезентативец потпиша 3,5 годишен договор со полскиот клуб Краковија, кој е најстариот клуб во Полска.
„Среќен сум што дојдов во Краковија. Пријателите од Полска ми кажаа дека се работи за голем клуб, а тоа го увидов и во текот на преговорите, како и првиот ден. Мислам дека ова е еден чекор напред за мене во кариерата и се надевам дека ќе дадам голем придонес во идните успеси на клубот, изјави Атанасов.
Според информациите од Хрватска, полскиот клуб за Атанасов платил 240.000 евра, но оваа сума може да биде зголемена за дополнотелни 80.000 евра во зависност од бројот на настапи на Атанасов во полскиот клуб.
Инаку тимот на Краковија пет пати бил шампоион на Полска, но последен пат во далечната 1948-ма година. Последниот освоен пехар е од 2020-та година кога го освоија Суперкупот, а година претходно Купот на Полска.