Connect with us

Фудбал

Македонски репрезентативец направи трансфер во Австрија, па веднаш испратен на позајмица во Норвешка (ФОТО)

Македонскиот младински репрезентативец Методија Максимов направи трансфер во Австрија, поточно во тимот на Ласк. Според „трансфермаркт“ тој за 300 илјади евра од Шкендија е продаден на Ласк.


Австрискиот тим го промовираше како најново засилување, но сепак истиот ден е испратен на позајмица во Норвешка, каде исто така беше промовиран од тимот на Алесунд. Договорот за позајмица во Алесунд е со важност до 31 декември 2024 година поради целогодишното првенство што се одржува во Норвешка.

Максимов со Ласк има договор до јуни 2028-ма година.
Претходно Максимов, освен за Шкендија, играше за Работнички и Брегалница.