Connect with us

Фудбал

Македонскиот „бомбардер“ замена за Зиркзе, кој замина во Манчестер Јунајтед?!

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио на своите профили на социјалните мрежи сподели дека Болоња е заинтересирана за привлекување на македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски.

-Болоња продолжува да работи на пазарот. Клубот е заинтересиран за Бојан Миовски, напаѓачот на Абердин, сподели новинарот, кој важи за еден од најточните кога се во прашање трансфер информациите.

Миовски, кој ги брани боите на Абердин, лани во шкотската Премиер лига и Конференциската лига одигра 33 натпревари во кои постигна 14 голови и две асистенции. За македонската репрезентација има 22 настапи и три погодоци.

Болоња е во потрага по напаѓач кој ќе го наследи Зирзке, кој имаше одлична сезона, па замина за Манчестер Јунајтед. Една од опциите е и нашиот Миовски, според Димарцио.