Фудбал
Македонскиот дијамант блесна во првото коло, Елиф Елмас му докажа на Спалети дека треба да биде стартер, а не на клупа
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол во победата на Наполи против Венеција во првото коло од новата сезона. Елмас во 73-та постигна гол за 2:0 и ја потврди победата на својот тим. Она што е интересно е тоа што Елмас мечот го започна од клупата, а во игра влезе во 35-та минута на местото на Зелински кој се повреди. Со оглед на одличните игри во подготовките и пофалните зборови на Спалети се очекуваше Елмас да настапи од прва минута, но не беше така. Сепак нашиот “дијамант” му докажа на Спалети дека треба да игра од прва минута.