Connect with us

Фудбал

Македонскиот дијамант не е ниту на клупата на Наполи, што му прави Гарсија?!

Наполи во моментов и гостува на Верона, но во составот го нема македонскиот дијамант Елиф Елмас. Иако тој пред неколку дена играше во дресот на Македонија на пријателскиот меч со Ерменија и беше во фит форма, сега го нема во составот на Наполи. Нема ниту објаснување дали станува збор за повреда или нешто друго. Како и да е, по заминувањето на Спалети од клупата на Наполи се понадевавме дека Елмас ќе добива поголема минутажа, но се чини дека Гарсија е тренер кој уште помалку смета на неговите услуги.