Connect with us

Фудбал

Македонскиот дијамант во тимот на колото во Италија, ќе биде ли стартер против Реал Мадрид?! (ФОТО)

По подолго време Елиф Елмас постигна гол во италијанската Серија А. На мечот со Аталанта (2:1) одигран во саботата, тој го постигна победничкиот гол за својот тим и тоа по само неколку минути минати на теренот. Настапот и голот против Аталанта му донесоа оценка 7, што беше доволно да се најде во тимот на колото во Италија.

Наполи утре го очекува дуел со Реал Мадрид во ЛШ. Ова е тешко гостување за Наполи и новиот тренер Мацари кој викендов дебитираше со победа. Извештаите во Италија велат дека постои голема веројатност во составот во Мадрид на Наполи од првата минута да се најде Елиф Елмас.