Фудбал
Македонскиот фудбалер замина од Украина, има нов клуб
Македонскиот интернационалец Ѓоко Зајков потпиша договор со Универзитатеа Крајова на 2 и пол години. Тој денеска пристигна во тренинг кампот на сино-белите во Анталија, а утре ќе им се приклучи на останатите нови соиграчи од романскиот тим. Зајков има над 20 настапи во репрезентацијата на Македонија. Првиот дел од сезоната го играше во Украина во Ворскла Полтава и во минатото во други тимови како РСЦ Шарлроа, Рабтонички Скопје и Левски Софија.