Connect with us

Фудбал

Македонскиот напаѓач промовиран во Динамо Букурешт

Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски е промовиран во ново засилување на романскиот тим Динамо Букурешт. Ивановски кој има 31 година е промовиран заедно со уште други три засилувања. Овој славен романски клуб во изминатите неколку години бележи слаби резултати. Не наликува на екипа која е втора најтрофејна во Романија по Стеауа.

За Ивановски ова не е прв пат да игра во романското првенство. Претходно од 2012 до 2014 играше за Астра и Клуж. Во својата кариера Ивановски сменил голем број клубови, а играше за Македонија ЃП, Славија Прага, Видеотон, Болуспор, Хајдук, Славен Белупа, ДВТК И Арка Гдиња.

Facebook