Фудбал
Македонските надежи одиграа без голови против БиХ
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со нерешен исход против Босна и Херцеговина ги започна натпреварите на предквалификацискиот турнир за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Во рамките од 1.коло на 8-та група на турнирот што се одржува во Скопје, избраниците на селекторот Горан Станиќ одиграа меч без голови 0-0, против врсниците од БиХ.
Во второто коло нашите надежи за противник ќе ја имаат селекцијата на Словачка која славеше победа во дуелот против Молдавија со 2-0.
Мечот Македонија – Словачка ќе се игра во четврток (5 октомври) на тренинг центар „Петар Милошевски“, крај ФФМ, во 15 часот.
Последното, трето коло е предвидено да се одигра во недела (8 октомври) со почеток во 15:00 часот, а ќе се соочат Словачка – БиХ (стадион „Борис Трајковски“) и Македонија – Молдавија (тренинг центар „Петар Милошевски“).