Connect with us

Други спортови

Македонските одбојкари против Хрватска во полуфиналето на завршниот турнир

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Хрватска во полуфиналето на завршниот турнир во Сребрената европска лига.
Турнирот ќе се одржи во Скопје во спортскиот центар „Кале“ на 15 и 16 јуни, а Македонија како домаќин имаше загарантиран пласман и резултатите во групната фаза не беа важни.

Македонските одбојкари завршија на третото место во групата А со две победи против Косово и вкупно четири порази, односно по два од Австрија и Летонија.

Хрватска е на второто место во групата Б зад Белорусија.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Белорусија и Летонија.

Победникот на завршниот турнир следната година ќе се натпреварува во повисок ранг, односно ќе го добие местото на најслабо рангираната екипа од оваа сезона во Златната европска лига.